Во кумановска фирма пронајдени нецаринети женски обувки
29.10.2013 11:19
| KumanovoNews
При контрола на фирма во Куманово, вработени во Службата за надзор на иматели на одобренија при Царинарница Куманово откриле 96 нецаринети пара женски обувки.
Стоката била во простории надвор од магацинот каде би требало да се чуваат готовите производи. Женските обувки се со исти обележја кои во целост се совпаѓаат со производи наменти за извоз - лон производство. Сопственикот не приложил документи за царинскиот статус на обувките.
Стоката со царинската вредност во износ од 145.658 денари и избегнати давачки од 69.187 денари е привремено задржана, а против сторителот е покрената прекршочна постапка согласно царински закон.