Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во прво одделение оваа година година треба да се запишат 1.534 деца родени во 2019 година, а училиштата располагаат со капацитет за вкупно 2.500 ученици во прво одделение.
Ако сите деца од списокот доставен од МВР се тука и не се отселени, тогаш ќе биде исполнет околу 61% од вкупниот капацитет.
Надлежните се надеваат дека бројката ќе се зголеми со запишување на деца родени во јануари 2020 година, за што е потребна согласност од родителите.
„Во централните градски училишта капацитетите се исполнуваат, но во руралните средини имаме повеќедецениски проблем на пополнување на сите слободни места“, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование.
Уписите започнаа на почетокот на мај, а првиот пресек на запишани ученици се очекува во јуни.
Од учебната 2025/2026 година, со измените на Законот за основно образование, повеќе не се дозволува запишување на ученици во други реони, освен во исклучоци како недостапност на настава на мајчин јазик, здравствени причини или посебен социјален статус.
За упис на првачињата родителите треба да донесат извод од книгата на родените (без оглед на датум на издавање и без нотарска заверка), потврда за примени вакцини од надлежна установа,потврда од стоматолог, потврда од офтамолог и документ за идентификација на родителот/старателот (лична карта, пасош). Постои можност електронски да се заврши процедурата, но таа многу поретко се користи.
Идните првооделенци треба да ги поминат тестовите кај педагог или психолог, кои ќе ја потврдат нивната психофизичка и социјална зрелост и подготвеност да се вклучат во образовниот процес.
Иако минатата година на списокот имало значително повеќе деца, во прво одделение се запишале само 970 ученици.