Во кумановско и паланечко се живее 71 година
03.07.2014 08:39
| KumanovoNews
На село се живее подолго во однос на градот

Во североисточниот регион просечниот животен век на луѓето е 71,2 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во град луѓето живеат во просек по 69,4 години, а на село просечниот животен век е подолг и изнесува 73,4 години.
Во нашиот регион жените кои живеат во град за прв пат стануваат мајки на 28 години, а во село просечната возраст за раѓање на прво дете е 26 години.
Статистиката исто така покажува дека жените живеат подолго од мажите.