×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во кумановско лани имало 521 пожар, со две жртви и штета над 670.000 евра

    13.02.2025 09:18 | Оливера Пешевска

    Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, која ја покрива и општината Липково, лани имала 569 интервенции, од кои 521 за гаснење пожар и 48 технички.

    Во кумановско лани имало 521 пожар, со две жртви и штета над 670.000 евра

    Во ланските пожари имало двајца загинати и еден повреден, а предизвикале материјална штета од вкупно 41,727 милиони денари (околу 670.000 евра). Проценетата штета се однесува на објекти и возила.

    Од вкупниот број, 292 пожари биле на отворен простор, 114 на објекти, 30 на возила и 85 интервенции во категоријата останато. Во два одделни случаи,  едно лице се загуши во пожарот на улица „Моша Пијаде“, а второто во село К’ шање. 

    „Имавме исклучително напорна година, со многу пожари на отворен простор, главно предизвикани од човечки фактор“, истакнува комадирот Деан Илиевски.

    Пожарникарите се надеваат на помирна година, но со оглед на климатските промени, и свеста кај населението. Од почетокот на годината, имаат 42 пожари, што во просек е по еден дневно, голема бројка за зима. 

    „Никако да се смени навиката за палења на стрништа иако агрономите зборуваат дека се прави поголема штета на земјоделието, иако ние апелираме дека често излегуваат од контрола таквите пожари- само еден пример ако тоа е ефективен начин ќе ја палат и Панонската низина, ама тоа не се случува“, објаснува командирот.

    Тој вели дека пожарите често се предизвикани од електродистрибутивната мрежа, како случаите во К’шање и Кокошиње, кои настанале од жици кои се допираат меѓу себе и искрат. Во тој дел на општината се уште во употреба се дрвени бандери, на многу места искривени и стари жици, без недоволна изолација. 

    Лани кумановските пожарникари биле на испомош во Неготино, на пожар на планината Серта, во Тетово, во Старо Нагоричене.

    Илиевски вели дека поседуваат комплетна опрема и апарати, пожарникарите имаат лична опрема за гасење на пожари на отворен простор и шумски пожари.

    Минатата година добиле две теренски возила за отворен простор, како и неопходни материјални средства- 60 црева, нови 60 грбни пумпи- напртњачи, млазници.