Во Липково се отвора Здравствен дом
09.06.2012 12:24
| KumanovoNews
Здравствениот дом ќе го опслужуваат пет здравствени работници, а во него ќе има и ноќна амбуланта.

Утре во селото Липково ќе се отвори Здравствен дом. Во него ќе работат двајца лекари и три медицински сестри, а назначен е директор на новата установа. Покрај ординација по општа медицина ќе има и стоматолошка ординација, како и ноќна служба.
Здравствениот дом го отвара Министерството за здравство.
Во Липково живејат 27.000 жители. Повеќето села од оваа општина имаат амбуланти со матични лекари, но немаше амбуланта од јавното здравство.