Во Љубодраг повредено девојче од заскитан куршум
26.07.2013 11:09
| KumanovoNews
Од заскитан куршум вчера попладне повредено е девојче што било на гости во селото Љубодраг.
Седумгодишната А.С. од скопското село Бучинци околу 18.30 часот била во дворот на Ч.П.(59) кога заскитан куршум завршил во нејзината десна надлактица. Девојчето е пренесено во Медицински центар Куманово каде е констатирана телесна повреда. По укажаната лекарска помош девојчето е пиштено на домашно лекување.
Екипи од кумановската полиција проектилот го подигнаа за вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.