Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
34 мигранти лани се најдени во селото Лојане.
Група од шест членови во своите домови сместувале и засолнувале мигранти по потекло од афро - азиските земји, се до нивно илегално префрлување во Србија. При извршени претреси во нивните домови во с.Лојане пронајдени се 34 мигранти по потекло од Авганистан, Сомалија, Алжир, Бангладеш, Мали, Гвинеја, Сиера Леоне и Руанда.
Полициската статистика покажува дека илегалната миграција во 2013 во однос на 2012 година има зголемување од 46 отсто.
Минатата година идентификувани се 370 мигранти за чие што криумчарење кривично се пријавени 110 лица, поголемиот дел македонски државјани. За 120 до 200 евра ги префрлувале од Грција до кумановско, а од тука за 300 евра по човек ги пренесувале во Србија и оттука ги транспортирале во земјите од ЕУ.