Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две групи синоќа во 19.45 часот, физички се пресметале во кумановското село Лопате, поради претходна расправија, тврдат од полицијата.
Во соопштението на МВР никаде не се наведува дека имало вооружена претрелка и пукање, туку дека браќата Ф.А.(33) и Ф.А.(30) заедно со уште едно непознато лице со „фолксваген-венто“ со кумановски регистерски ознаки, му го попречиле патот на возило „фолксваген-шаран“ со австриски национални ознаки, во кое се наоѓале браќата близнаци В.З.(18) и Ф.З.(18) и Р.А.(20). Тогаш напаѓачите излегле од возилото и Ф.А.(33) со рачката од пиштолот, почнал да удира на страничното стакло на возачката врата, по што еден од браќата го стартувал возилото да побегне, но удрил во заштитната ограда и застанал. Врз нив се нафрлиле насилниците и Р.А. го удриле и со тврд предмет во пределот на главата. Во тепачката со телесни повреди се здобил и еден од напаѓачите Ф.З. Повредените се пренесени во Општа болница Куманово каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.
Екипа на СВР-Куманово изврши увид на местото на настанот. По тројцата осомничени се трага и се работи на расчистување на случајот.
Очевидци кажуваат дека синоќа во Лопате имало вооружена преметка меѓу двете групи мажи, при што едно од возилата било целосно изрешетано, по што пристигнала голема група на специјаци