Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од почетокот на годината, на СОС телефонот за деца и млади во Детската амбасада Меѓаши во Скопје, нема ниту еден пријавен случај од Куманово за прекршување на детските права.
Кумановци ретко се јавуваат во Меѓаши, а тоа го покажува и фактот што во претходните години имало само неколку дојави.
“Од јануари до декември од целиот кумановски регион воопшто немаме јавувања. Граѓаните најверојатно не се запознаени со бројот 0800 1 22 22. Лани имаше едно јавување затоа што родител не можеше да си го гледа детето, се работеше за бракоразводна постапка. Се жалеа за дислокација на Центарот за зависности и имаше еден сомнеж за насилство и сексуална злоупотреба на девојче од 14 години“ - вели Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС линијата во Меѓаши.
Во случај на повреда на правата на детето, од Меѓаши ги упатуваат граѓаните каде да се обратат или директно реагираат во надлежните институции.
Од јануари до декември во Меѓаши имало 102 дојави од цела Македонија. Генерално се тоа поплаки за сиромаштија, злоупотреба на деца, неодење на училиште и слично.