×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Молња“ уапсени жители на Отља и Матејче

    15.10.2015 14:20 | KumanovoNews

    Во полициската акција „Молња“ уапсени се седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче.

    Во „Молња“ уапсени жители на Отља и Матејче

    Сите седуммина се осомничени за извршување кривични дела терористичка организација и тероризам со помагање.

    Полицијата по судска наредба извршила претреси на пет локации, две во Отља, две во Брест и една во Матејче. При претресите се пронајдени карти на „Голема Албанија“, униформи на УЧК, 13 телефонски апарати, автоматска пушка, седум рамки за автоматска пушка, 127 куршуми 7,62 мм, две ловни пушки, гасен пиштол, машина за полнење патрони, сачми, околу 60 патрони, два испукани патрони, два детектори за метал, мапи и ВХС-касети, лисици за врзување, 1.400 евра, 45 куршуми 7,9 мм, фотографии со припадници на УЧК, оптички нишан и други предмети и траги што ќе му бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

    Во моментов лицата се изведуваат пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, а повеќето веќе ѝ се познати на полицијата.

    Тие се поврзани со случувањата во населбата Тоде Мендол и Гошинце. Осомничените ѝ помагале на групата во извршувањето и прикривањето, а еден од осомничените се обидувал во текот на полициската акција да мобилизира помлади лица за да извршат напади во Скопје и да ја дефокусираат полицијата.