×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во петок ќе се одржи седница за советнички прашања, последната била пред 17 месеци

    11.12.2024 16:08 | Оливера Пешевска

    Советот на Општина Куманово во петок, на 13 декември ќе одржи седница за советнички прашања.

    Во петок ќе се одржи седница за советнички прашања, последната била пред 17 месеци

    Ваква седница ќе се одржи по 17 месеци, последната била на 6 јули 2023 година, иако законот предвидува да се закаже на секои три месеци. Советниците од опозицијата кои редовно бараат да се закаже ваква точка, конечно ја дочекаа. 

    Oпозицијата се жали  дека на овие седници се наоѓа во подредена положба, бидејќи градоначалникот има неограничено време да одговара на прашањата, и често излегува надвор од темата во промоција на неговата партија и работа, а држи и политички лекции.

    „ Деловникот предвидува дека може да се постави потпрашање или неколку прашања на добиениот одговор, но никој не го ограничува градоначалникот или другите одговорни лица, ниту временски, ниту пак да се држат до зададената тема. Имавме политички памфлети, вербални напади, изнесување на лаги, вртење во круг- се зборува за се освен за она што е прашано. Претседателката нема, или не сака да има контрола, па често се излегува од рамката, седниците траат предолго, а не добиваме конкретен одговор на прашање кое ја засега јавноста или дел од граѓаните“, објаснува Александар Јовановски, координатор на советничката група на СДСМ.

    Пред претседателските и парламентарни избори,  било договорено да не се закажува ваква седница, за да не се користат за политички маркетинг, а по изборите во два наврати имало обид, но поради отсуство на градоначалникот не можело да се најде соодветен термин.

    На прашањата на советниците покрај градоначалникот, ќе одговараат и директори на јавни претпријатија, раководители на сектори во локалната администрација.

    Димитриевски оваа година ретко доаѓаше на седниците на Советот.