Во регионот лани имало 4722 корисници на социјално
24.11.2015 10:05
| KumanovoNews
Во североисточниот регион во 2014 година се евидентирани 4722 корисници на социјална помош.
Ова го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, а од вкупниот број корисници 1123 се жени, односно целите семејства на корисниците опфаќаат 16440 луѓе. За разлика од нашиот регион, повеќе социјалци има во скопскиот и полошкиот регион, додека пелагонискиот, југоисточниот, југозападниот, вардарскиот и источниот се со помал број на корисници на социјална помош од државата.