Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ Куманово пред престојните претседателски избори ќе овозможи увид во избирачкиот список во нивните партиски простории во зградата на Комитет.
Почнувајќи од 16 февруари до 7 март од 9 до 21 часот граѓаните ќе можат да проверат дали ги има во избирачкиот список.
Оваа активност ја правиме со цел да ја подигнеме свест на граѓаните за нивните права и граѓански должности за проверка на своите податоци. Да не ни се случи на денот на изборите, некој што сака да го оствари своето граѓанско право да биде оневозможен. Иста така увид во единствениот избирачки список секој граѓанин може да направи индивидуално и преку интернет адресата www.izbirackispisok.gov.mk - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Од партијата потенцираат дека увидот е важен за да можат граѓаните да го остварат правото на глас.