Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Облека и обувки со фалсификувани марки биле пронајдени вчера во седум продавници во Куманово.
„Вчера од 10.00 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки, извршија контроли во 10 продажни објекти за текстил и обувки на подрачјето на Куманово. При контролата, во седум од објектите биле пронајдени и одземени вкупно 2.403 пачиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки. Изготвени се записници за констатирана состојба“, соопшти МВР.