Во среда е Денот на дрвото
Владата на Република Македонија одлучи во среда, 2 декември, да се одржи традиционална акција „Ден на дрвото“.

Три милиони садници на површина поголема од илјада хектари, ќе бидат засадени во рамките на 16- та по ред акција „Ден на дрвото“.
Во Куманово ќе се сади во селата Зубовце и на Даштев рид над зградите во населбата Гоце Делчев, како и во липковското село Слупчане.
Годинешното мото „Засади успех“ се однесува на сите досега реализирани акции, во кои процентот на зафатеност на засадените дрва изнесува 60 отсто, што според организаторите е импресивна бројка и за европски рамки.
Денот на дрвото ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија, а дополнително ќе биде утврден денот кога ќе се одработува овој ден.