Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две осудени лица, кои побегнале од затворите во Идризово и Струмица, ноќеска биле уапсени во кумановската населба Средорек.
Акцијата ја спровеле полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово.
„Во 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, лишени се од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба““, соопшти МВР.
Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.