×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Старо Нагоричане се одржа Олимпијада за ученици

    07.04.2015 12:08 | KumanovoNews

    Во тренинг центарот „Млади за млади“ во Старо Нагоричане, викендов се одржа Олимпијада за ученици, организирана под покровителство на градоначалникот, Советот на општина Старо Нагоричане, а во соработка со Народна техника.

    Во Старо Нагоричане се одржа Олимпијада за ученици

    Ученици од општините Старо Нагоричане и Куманово се натпреваруваа во агротехника, математика, биологија, хемија, физика, математика, моделарство, градежништво, информатика и фото шоп.

    „Децата ме зачудија со добрите резултати. Комисиите на натпреварот беа задоволни. Учениците се дружеа, разменија искуства, а  првите места ќе одат на Олимпијада во Велес“ - кажа Душан Доцевски од Народна техника.

    Најдобрите ученици во сите категории на 18 месецов ќе учествуваат на Олимпијада во Велес.