Во Шупли Камен најдени 38 насади канабис сатива
11.09.2014 09:40
| KumanovoNews
Кумановец, одгледувал канабис сатива во селото Шупли Камен.
По добиени оперативни сознанија дека Л.Т.(58) од Куманово одгледува насади од растението канабис сатива, вчера е направен претрес во неговиот дом и во просториите во Шупли Камен. Таму се најдени и одземени 38 насади од растението канабис сатива.
Против Л.Т. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.