Во „Светозар Марковиќ“ се одбележува Свети Сава
Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ вчера и денеска се одбележува празникот Свети Сава.

Вчера имаше шаховски турнир со ученици од училишта од Куманово и Старо Нагоричане, а денеска ќе има пригодна културно-уметничка програма.
Ќе имаме приредба за Свети Сава со рецитали и драма посветени на светецот. Турнирот во шах го почнавме лани и планираме да ни остане како традиција. Ова се смета за училишна слава и ќе имаме и славски колач. Поканети се гости од локалната самоуправа, директори на училишта од нашата општина и Куманово, претставници на Српската заедница и други гости“-вели Даниела Станковска, директорка на „Светозар Марковиќ“.
Свети Сава, роден околу 1174 година како Растко Немањиќ, бил син на гoлeмиoт српски жупан Стефан Немања. Какo млад, заминал вo Света Гора, каде што сe замoнашил. Тој е основач на првата српска црква, позната како Пеќка патријаршија. Пoчинал вo Трнoвo за врeмe на владеењето на царoт Асeн, на 12 јануари 1236 гoдина.