×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Tехничко училиште останаа 177 слободни места за настава на македонски и 193 на албански јазик

    22.06.2020 08:26 | KumanovoNews

    Во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, оваа година во првиот уписен рок најголем интерес имало за насоките медицинска сестра и компјутерска техника и автоматика.

    Во Tехничко училиште останаа 177 слободни места за настава на македонски и 193 на албански јазик

    На насоката компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик биле примени 68 деветооделенци, со што во вториот уписен рок нема слободни места, додека пак на албански јазик е пополнет бројот за насоката медицинска сестра, каде биле примени 102 ученици.

    На настава на македонски јазик во првиот уписен рок се запишале 163 ученици, со што остануваат 177 слободни места, а пак на настава на албански јазик се запишале 182 ученика, со што остануваат 193 слободни места за упис во вториот и третиот успиен рок.

    Директорот на Средното техничко училиште, Драган Јаневски, вели дека првиот уписен рок завршил согласно препораките на Владата и ги повикува деветоооделенците да ги разгледаат струките за кои има останато слободни места и да го изберат она што најмногу им одговара, согласно нивните интересирањеа.

    „Оваа година во првиот уписен рок на наставан на македонски јазик беа пријавени 239 учпеници, а согласно критериумите беа примени 163, додека пак на настава на албански јазик беа пријаввени 298 ученици, а условите ги исполнуваа 182. Најголем интерес имаше за насоките медицинска сестра и компјутерска техника и автоматика. Меѓутоа, остануваат уште слободни места и за вториот уписен рок, затоа ги повикувам деветооделенците да ги разгледаат струките и да одберат шшто сакаат да учат во наредните три или четири години. Што се однесува до протоколот за запишување, согласно препораките на Владата, беше исполнет во целост“, додава директорот Јаневски.

    За вториот уписен рок во теххничкото училиште на настава на македонски јазик, слободни места има во насоките: техничар за компјутерско управување-16 слободни места, машинско енергетски техничар-32 слободни места, конструкциски механичар-32, електротехничар и енергетичар 42 и медицинска сестра 21 слободно место.

    На настава на албански јазик слободни места, има во насоките: техничар за компјуртерско управување-17 слободни, машинско енергетсаки техничар-32 места, конструкциски механичар-30, електоитехничар и енергетичар-20, електротехничар за компјутерска техника и автоматика-40 слободни, електомеханичар-слободни 19.

    Второто и третото пријавување за ученици коишто треба да се запишат во прва година средно е на 24 и 25 јуни, а на 29 јуни е третото пријавување.

    (Ф.Марковска)