×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во тек е набавка на училишната опрема и тоа е согласно предвидените рокови на проектот, одговорија од „Киро Бурназ“

    06.10.2023 14:00 | KumanovoNews

     Набавката на клупи, столчиња, табли и друга опрема е во тек, бидејќи така е превдиено со проектот за реконструкција на училиштето, кој се изведува во две фази, одговорија од ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“, на обвинувањата на Левица, дека втор месец се изведува онлајн настава во училиштето, бидејќи нема училиен инвертар.

    Во тек е набавка на училишната опрема и тоа е согласно предвидените рокови на проектот, одговорија од „Киро Бурназ“

    „ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“, со преминување во државно училиште, започна и со реконструкција на целиот објект и опремување со најсовремена опрема. Процесот се одвива во две фази. Првата фаза која се однесува на градежни работи изнесува околу 2 милиона евра и е целосно завршена. Таа опфаќа целосно реконструкцоја на училишна зграда, ученички интернат, дел од фармата и партерно уредуваење, и тоа се одвиваше за време од 18 месеци. Втора фаза е набавка на опрема, таа изнесува околу 1 милион евра, и е во процедура согласно предвидените рокови. За околу 2 месеци пристигнува основна опрема, клупи, столчиња и табли, а остатокот од специфична опрема тековно ќе се достасвува. Ова е вистина една и единствена за РЦСОО „Киро Бурназ“, сето друго изнесено е тотална лага и дезинформација, што и не е чудно кога доаѓа од некој кој нема елементарни познавања за образовниот процес и не знае да биде горд што токму во нашата Општина е направено еден така прекрасен објект, препознатлив за целиот регион“, соопштуваат од училиштето, како рекација на обвинувањата на Левица.