Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Донесување на буџетот на Општина Куманово за наредната 2025 година е една од точките на денешната седница на Советот.
На седницата меѓу друго ќе се расправа и за продолжување на бесплатниот јавен превоз, за субвенционирање на приклучок за гас, набавка на инвертер клима како мерки за борба против загадениот воздух и др.
Дневен ред:
1. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2025 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на барањето на ЈП „Водовод“ – Куманово за ангажирање на 15 (петнаесет) работници во 2025 година преку агенција за привремени вработувања;
3. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2025 година;
4. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2025 година;
5. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Куманово во 2025 година;
6. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2025 година – зимско одржување;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавни службеници за 2025 година;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за ангажирање на 35 (триесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во 2025 година;
11. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2024 година;
12. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2025 година;
13. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
14. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
15. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2025 година;
16. Предлог – Одлука за давање согласност на барањето на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за ангажирање на 5 (пет) извршители преку агенција за привремени вработувања за период од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;
17. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2025 година;
18. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со попреченост за 2025 година;
19. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
20. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
21. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2025 година;
22. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за ангажирање на 30 (триесет) работници во 2025 година преку приватна агенција за вработување;
23. Работна програма за 2025 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
24. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
25. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
26. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2025 година;
27. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за ангажирање на 1 (еден) работник по пат на отстапување од агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година;
28. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово;
29. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2025 година;
30. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2025 година;
31. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2025 година;
32. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
33. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
34. Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;
35. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;
36. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2025 година;
37. Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2025 година;
38. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2025 година;
39. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на подрачјето на Општина Куманово за 2025 година;
40. Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
41.Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
42. Годишна програма на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2025 година;
43. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2025 година;
44. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2025 година;
45. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2024 година;
46. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2025 година;
47. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2025 година;
48. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2025 година;
49. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2025 година;
50. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на еднократна парична помош за 2025 година;
51. Предлог – Програма за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2025 година;
52. Предлог – Програма за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2025 година;
53.Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2025 година;
54. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2025 година;
55. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2025 година;
56. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2025 година;
57. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2025 година;
58. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2025 година;
59. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
60. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2025 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
61. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2025 година.
Од дневен ред се повлечени точките 13 и 14 на ЈП Пазариште.