Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.Т.(26) и Д.Т.(24) од Младо Нагоричане синоќа се повредени во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Несреќата се случила во 22.40 часот на 8 километри од Куманово, кога автомобил голф со кој управувал М.Т., додека се движел кон селото, од непознати причини изгубил контрола на возилото, преминал на левата коловозна лента и удрил во дрво. Потоа голфот се превртел уште неколку пати и паднал покрај патот. Поради големите оштетувања на возилото сопатничката била извадена откако противпожарна екипа го исекла лимот на возилото.
Двајцата сопружници со возила на итна помош биле пренесени во кумановската болница, но поради сериознаоста на повредите префрлени се во Ургентен центар Скопје.
(фото архива)