×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Толи Зордумис„ учениците Албанци бојкотираат настава

    30.09.2014 17:20 | KumanovoNews

    Над 180 ученици од прво до девето одделение, кои посетуваат настава на албански јазик во основното училиште „Толи Зордумис„ во Куманово, два дена ја бојкотираат наставата, поради тоа што сметаат дека недоволно се спроведува албанскиот јазик во училиштето и нема соодветна застапенот на Албанците во училишните органи.

    Во „Толи Зордумис„ учениците Албанци бојкотираат настава

    Нивните родители денеска побараа од надлежните да ги исполнат законските обврски во интерес на учениците.

    Прво и основно не се почитува двојазичноста во училиштето, што значи дека името на училиштето и на печатот не се напишани покрај на македонскиот и на албански јазик. Во училиштето има 9 паралелки на албански јазик, по една за секое одделение. Во прво одделение учат над 30 ученици во една паралелка, а во паралеките на македонски јазик има три одделенија со по десетина ученици. Затоа бараме уште една паралелка на албански јазик, каде бројот на ученици ќе биде помал за да се зголеми квалитетот на наставата. Исто така бараме повеќе претставници во раководството, пред се заменик директор, професионален кадар и технички персонал во училиштето,- изјави Реџаил Азири, претставник на родителите.

    Директорот на училиштето Бобан Георгиевски, вели дека работи на решавање на проблемите, но дека тоа не во негова надлежност.

    „Одлуката за промена на таблата и печатот во училиштето треба да ја донесе училишниот одбор, одлуката за уште една паралелка е во надлежност на Советот на Општината, а за нови вработување одлучува Министерството. Јас го известив државниот просветен инспекторат и сите надлежни институции за бојкотот на наставата и се надевам дека проблемот набрзо ќе се реши„- изјави Георгиевски.

    Во основното училиште „Толи Зордумис„ учат над 500 ученици, а настава се изведува на македонски и албански наставен јазик.