×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во УЈП се поднесуваат барања за отпис на камата

    21.10.2015 09:48 | KumanovoNews

     Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината.

    Во УЈП се поднесуваат барања за отпис на камата

     Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати (образец “БОК-ПЗСО/1“) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември 2015 година. Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање “БОК-ПЗСО/1“за отпис на камати по основ на достасани обврски за социјални придонеси: кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата(МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година, се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН) и не се платени на денот на поднесување на барањето.