Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на селата Умин Дол и Љубодраг наскоро ќе добијат неколку асфалтирани улици и спортско игралиште во состав на подрачното основно училиште „Карпош„.
Градежните работи се при крај, а инвеститор е Општината Куманово.
Игралиштето ќе се асфалтира, а потоа ќе се монтира нова спортска опрема. Покрај за потребите на учениците за изведување на настава по физичко воспитување, теренот ќе го користат и младите жители на селото кои рекреативно се занимаваат со спорт. Пред се за малите спортови: мал фудбал, ракомет, одбојка, тенис и друго. Среќни сме што по толку години селото ќе добие современ спортски терен- вели Владимир Јовановиќ, директор на централното училиште „Карпош„ во Умин Дол.
Во селото Љубодраг утре во 11 часот ќе биде удрен камен-темелник за изградба на селска црква.