Во Ваксинце и Черкезе фатени албански и српски државјанки
25.02.2013 09:39
| KumanovoNews
При контрола на угостителски објекти во Куманово и Липково, викендов откриени се странски државјанки со нерегулиран престој.

Во кафаната „Алби Леди“ во селото Ваксинце и во нерегистриран угостителски објект во Черкеско село, приведени се четири албански и две српски државјанки. Девојките работеле како келнерки во кафеаните и немале дозвола за работа. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.