„Водовод“ ќе инвестира 6.5 милиони евра во градската мрежа
Јавното претпријатије “Водовод“ оваа и следната година ќе реализира повеќе инвестициони проекти во мрежата.

Ќе се репарира и гради канализациона мрежа во должина од 20 км, треба да отпочне изградба на атмосферска мрежа исто во должина од 20 км и замена на околу 10.000 застарени водомери, за да се намалат загубите на вода. Вредноста на овие проекти е 6.5 милиони евра, пари обезбедени од Европска инвестициона банка и ИПА фоднови преку Министерството за животна средина.
„Не очекува еден мал инвестициски бум. Со овие проекти до 2017 година Куманово ќе го претвориме во едно мало градилиште, се со цел водоснабдување и одведување на отпадни води за задоволен краен потрошувач, а тоа е граѓанинот на општина Куманово“- рече Горан Стојковски, директор на „Водовод“.
Програмата за 2016 година чини 200 милиони денари, а 20 милиони од нив ќе бидат потрошени за инвестиции.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Станковски праша дали при замена на цевки ќе биде даден приоритет на азбестните цевки.
„Јас не сакам овде да отворам некоја медицинска дискусија. Факт е дека во цел свет се заменуваат, а причината е што се застарени, има подобри“-кажа Станковски.
На ова градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека азбестните цевки не се канцерогени и не треба да се создава паника околку нивна замена, а Стојковски најави дека ќе се заменат цевки кои се дотрајани за да нема загуби на вода без разлика дали се азбестни или не.
Советниците дадоа поддршка на програмата за работа на ова претпријатије во 2016 година.