Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатије “Водовод“ отвори Центар за грижа на корисници во кругот кај дирекцијата, со помош на општината и канцеларијата на швајцарската амбасада за поддршка на развојот во Република Македонија.
На едно место граѓаните ќе можат да плаќаат сметки, да склучуваат договори, да реагираат за проблеми во водоснабдувањето и слично. Проектот чини 1.2 милиони денари, а директорот на “Водовод“, Горан Стојковски вели дека Центарот за грижа на корисници функционира со едношалтерски систем.
Граѓаните на Куманово ќе можат на едно место да ги завршат апсолутно сите потребни активности во врска со водоснабдување и одведување на отпадни води. Овде ќе може да се плати сметка, да се пријави дефект, да се каже некоја поплака. Овдека ќе може да се потпише договор на рати, да извршат увид во нивните сметки, да дадат и некоја пофалба се надевам за нашата работа. Тоа првично беше идеја. Комплетно се е реновирано во оваа просторија. Граѓаните ќе можат да бидат во центарот на вниманието пред сè“ - изјави Стојковски.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски кажа дека во последните две години менаџерскот тим на “Водовод“ работи на проекти кои се во интерес на граѓаните.
Овој Центар брзо ќе ги решава сите дефекти, како еден од основните елементи во загубите на вода, а пред се на детектирање на дивите приклучоци, исклучување и конектирање на тие кои имаат право на такво нешто. На тој начин се трасира патот за една постапка и нов период каде ќе имаме рехабилитација на ова јавно претпријатије бидејќи поради историска неправда, 4 или 5 пати поскапа сирова вода ова јавно претпријатије е донесено во дисбалансирана финансиска состојба и опстојува на раб на егзистенција“ - вели Дамјановски.
Франк Видеркер, швајцарски регионален советник за води и животна средина рече дека ова е прв или меѓу првите вакви Центри за корисници во Македонија.
Ова овозможува самото јавно претпријатије и општината да даде подобри услуги кон сите граѓани. Навистина е одлично да се види една таква ситуација каде што двете страни добиваат. За нас ова е завршница на еден од нашите проекти - кажа Видеркер.
Тој посака успех во работата и се надева дека во иднина здружено со општината и “Водовод“ ќе работат и на други проекти.