„Водовод“ работел со добивка од јули до септември годинава
Јавното претпријатије „Водовод“ од почеток на јули до крај на септември 2015 година работело со добивка.

Овие податоци денеска беа презентирани на 44-та седница на Советот на општина Куманово пред советниците. Директорот на “Водовод“, Горан Стојковски вели дека добивката е 6.380.000 денари во наведеното тромесечје, а за 9 месеци имаат добивка од 3.280.000 денари.
Добивката се должи на заштеди на секој план и добивката ќе беше многу поголема, да не решеше заменик претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, популарниот командант вентил да ја затвори водата кога најмногу се троши. Се надеваме дека овој позитивен тренд на работење ќе продолжи и понатаму. Сите елементи, наплата, фактурирање се зголемуваат, а сите расходи се намалуваат што значи дека работиме домаќински. Да ги имавме потребните количини вода ве уверувам дека извештајот ќе беше уште подобар - изјави Стојковски.
Тој вели дека имаат наследени долгови кон ЕВН, а другите долгови се плаќаат навреме.
Тримесечниот извештај беше усвоен од советниците.