×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Волк задавил дваесетина овци во Орашац

    21.09.2015 13:22 | KumanovoNews

    Волк задавил дваесетина овци во трло во кумановското село Орашац. Нападот се случил минатата ноќ, некаде по два часот додека домаќините спиеле, а поради невремето немало струја.

    Волк задавил дваесетина овци во Орашац

    Утрината кога станале трлото било празно, останале само 18 задавени овци, 7 биле повредени, а 10 исчезнале.

    Дојдов во трлото но овците ги немаше. Само тие што беа удавени, другите на 100 метра од куќата сите на куп во соседен двор, исплашени, и не смеат да се вратат дома. Доаѓајќи по пат тука кај капијата видов уште една удавена, ја тргнав. Една овца вреди околу 100 евра, бидејќи се пред јагнење. Овците ни се крупни и сортни и нема под 60 килограми овца нема. Јас чувам околу 150 овци, а сум млад сточар. Штетата е голема, доколку може државата да ни помогне нешто во ред, ако има некои закони, ако не тоа е - раскажува сопственикот Горан Николовски (48) од Орашац.

    Случајот е пријавен и во СВР Куманово. Оттаму велат дека е извршен увид. За само неколку дена ова е втор случај волк да напаѓа овци во трло. Минатата недела на сточар во селото Пчиња волк му задави 8 овци и 2 кози, а седум беа повредени.