Вонредна седница на Советот за загадувањето во Куманово
06.01.2017 10:27
| KumanovoNews
Советот на општината Куманово денеска во 12 часот ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде загадувањето во Куманово.
Претседателот на Советот Александар Арсиќ ја свика седницата по барање на ВМРО-ДПМНЕ, кои вчера преку медиумите апелираа да се одржи седницата. На седницата ќе се донесат заклучоци како ќе се дејствува понатаму за да се надмине проблемот.
Предпладнево беше одржана координација со претсавници на советничките групи на која присуствуваше и градоначалникот и претставник од службите за заштита на животната средина.
Повеќето координатори и администрацијата побараа седницата да се одржи по празниците, бидејќи снегот го намали загадувањето, што не беше прифатено.

