Вооружен грабеж во “Елида“
28.03.2014 15:44
| KumanovoNews
Маркетот “Елида„ кај Автобуската станица синоќа бил цел на вооружен грабеж.

Разбојништвото се случило во 18.30 часот, кога крадецот со пиштол влегол во маркетот и побарал од продавачките да му го дадат дневниот пазар. При тоа од касата одзел 29.800 денари. Со пленот побегнал. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.