Мени

Вработен на „Вибе“ при ископ нашол гранати

09.10.2015 12:14 | KumanovoNews

Вработен во фирма „Вибе“ завчера пријавил во полиција, дека при вршење ископ за пруга во Куманово кон Бедиње-индустриска зона  нашол гранати.

Вработен на „Вибе“ при ископ нашол гранати

Пронајдени се 18 минофрлачки мини, четири зрна од топовска граната, осум запалки за гранати и две противавионски куршуми со потекло од Втората светска војна. Истите се подигнати од страна на ДЗС за понатамошна постапка.