Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
10 млади луѓе на возраст до 29 години нашле работа преку програмата за практиканство.
Повеќето од нив се вработиле во приватни фирми, нотарски и адвокатски канцеларии и слично.
Ова им е прво вработување. Тие преку програмата за практиканство 3 месеци беа ангажирани во фирмите и добиваа надомест по 6200 денари месечно од државата. Од друга страна работодавачот за тој период добива бесплатна работна сила. Ако добро се покажат остануваат да работат. Има голем интерес, се прави селекција на кандидатите. Поголем е бројот на баратели за практиканство, отколку на фирми кои бараат практиканти - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Оглас за практиканство се објавува два пати годишно, а доколку има услови се објавува и по трет пат.