×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработените во Градинката „Ангел Шајче“ уште не ја добиле јунската плата

    18.07.2024 11:41 | Оливера Пешевска

    На вработените во Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово уште не им е исплатена платата за месец јуни, 2024 година. 

     

    Вработените во Градинката „Ангел Шајче“ уште не ја добиле јунската плата

    И покрај напорите не успеавме да добиеме објаснување од раководството на установата, ниту од Општина Куманово во што е проблемот. Неофицијално, проблемот е на релација Општина Куманово и Министерството за финансии, поради нови вработувања и нивното плаќање. 

    За моменталната состојба известени се Владата, Министерството за социјални политики, демографија и млади, Синдикатот за образование, наука и култура, како и кабинетот на градоначалникот на Куманово.

    „Известени се сите релевантни институции и на локално и на национално ниво. Како вработени, кои си ја заработиле својата плата, не сакаме да бидеме вовлечени во политички препукувања, нас само не интересира да бидеме исплатени за тоа што го сработевме. За вечерва имаме закажно состанок со нашето членство, кога ќе ги дефинираме понатамошните чекори и насоките на кои ќе се концентрираме за остварување на своите права“, изјави Цветанка Митевска, претседателка на регионалниот одбор на СОНК.

    На состанокот го очекуваат и претседателот Јаким Неделков. Можно е да се донесе одлука за протест, а во крајна линија и штрајк, нешто што воопшто не го посакуваат вработените. Но, во крајна линија за остварување на своите права подготвени се да се изборат за нив, по било која цена.

    „Сите ние, и воспитувачките и негувателките и помошниот-технички персонал, сме навистина благодарни што имаме можност и доверба да се грижиме за дечињата, искрено си ја сакаме работата, ама заслужуваме да добиеме плата на време. Не посакуваме, но ако не се најде решение и штарјкот како крајна мерка не е исклучен“, потенцира Митевска.

    Законска обврска на сите правни субјекти во државата е исплата на палите на вработените да се врши најдоцна до 15-ти во месецот.

    Без плата се 232 вработени, меѓу кои и самохрани родители, брачни парови или болни лица кои ќе изгубат и здравствено осигурување доколку проблемот не биде решен пред викендот.