Вработените во УЈП даруваа крв
29.11.2014 12:30
| KumanovoNews
Вработените во УЈП Куманово вчера даруваа крв, во пресрет на одбележувањето на Св.Матеј - Денот на даночниците.

Дарувањето на крв е наша привилегија и надеж дека со еден мал гест на хуманост ќе помогнеме во спасување не нечиј живот. Да го чуваме сопственото здравје за да можеме да го подариме на друг, - велат од УЈП.
Крводарителската акција на даночниците под мотото „Капка крв, спасува живот“ традиционално се организира трета година. Даночниците крв даруваа на 16 пункта низ Македонија.