Втори август неработен за сите граѓани
31.07.2014 13:29
| KumanovoNews
Втори август, сабота, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 2 август 2014 година, Ден на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот.