Второ прскање против комарци од земја во Куманово
Во Куманово утре ќе се спроведе второто прскање против возрасната форма на комарци од земја. Третманот ќе започне на полноќ, во 00:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови.
„Третманот ќе се спроведе по течението на реката Кумановка, од Кумановска Бања, преку с. Проевце и месноста Бејтови Ниви, долж кејот на реката Кумановка, на површините со бавчи од другата страна на реката, по должината на булеварот „Октомвриска револуција“, на површините околу Градскиот парк и улицата „Никола Тесла“, покрај реката во реонот на ООУ „Толи Зордумис“, во Диво Насеље, по текот на реката во с. Романовце, кај Градските гробишта (едно од најголемите легла на комарци), во Зелен Рид, по должината на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „11 Октомври“, со посебен акцент на ЈЗУ Општа болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на реката Серава, во населбата Перо Чичо и на други локации низ градот“, соопштија од Општина Куманово.
Доколку временските услови бидат неповолни, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден кога ќе има услови за реализација на планираните активности.