×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 10 години за 25 отсто намален бројот на основци во Куманово

    03.12.2015 14:13 | KumanovoNews

    Во последниве 10 години бројот на основци во општината се намалил за 25 отсто или 2000 ученици, потврдуваат од секторот за образование во општина Куманово.

    За 10 години за 25 отсто намален бројот на основци во Куманово

    Жика Крстевски од секторот на денешната седница на општинскиот совет ги презентираше бројките за запишани првачиња во оваа учебна година. Од 1504 деца колку што имамо на списоците, се запишале 1239 ученици.

    Причините зошто е тоа така е нешто што треба да го истражуваат сите надлежни органи во државата и општината. Мислам  овие податоци што јас ги кажувам за нашата општина дека се приближни и во другите општини во Република Македонија. Поголем осип имаат региони во општина Куманово во кои се случуваат одредени преселби. Во тие училишта имаме поголем број на намалување на ученици, а генерално земено бројот е помал од она што е пријавено за во 1 одделение. Надлежен за испитување и пронаоѓање на тие деца е Државниот просветен инспекторат - изјави Крстевски.

    Советникот Ашмет Османовски од Коалицијата За подобра Македонија, реагираше затоа што Ромчињата од населбата Средорек со родителите мораат да одат до „Браќа Миладиновци“, а во „11 Октомври“ кое е поблиску се запишуваат мал број на ученици.

    Општина Куманово повеќе од 40 години занемарувајќи го наталитетот на ромската заедница особено во месноста Средорек, се базира на реонизација која датира од 80-те, што не е реална состојбата на терен. Бројката на ромските дечиња, кои треба да посетуваат настава во најблиското училиште не знам од какви политики на општината или менаџерите на „11 Октомври“, малите Ромчиња се принудени со своите родители да пешачат во “Браќа Миладиновци“ каде има зголемен број ученици, а недостасуваат во „11 Октомври - рече Османовски.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски кажа дека ромската заедница е маргинализирана од објективни и субјективни причини, но кај нив треба да проработи свеста дека модерно општество  се гради само со образование.