×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 5.000 долари кумановци не се плашат од ебола

    06.11.2014 08:52 | KumanovoNews

    Кумановци ќе работат на проект за заштита од ебола во африканските држави Сенегал и Либерија.

    За 5.000 долари кумановци не се плашат од ебола

    Според пишувањето на весникот Вест, првите работници заминале минатата недела, а деновиве се подготвува да отпатува нова група. Работата им ја обезбедува американската компанија „Флуор„, која дава логистичка подршка на американската војска во ризичните подрачја, а преку која илјадници кумановци работеа во Ирак и Авганистан. Сега на поранешните работници им се јавуваат по телефон за да ги ангажираат повторно, а  останатите може да аплицираат преку нивниот сајт, каде е објавен огласот за вработување.

     Од луѓе кои веќе биле повикани на разговор за работа во Сенегал, им било речено дека проектот имал цел да обезбеди логистика на медицинска помош на луѓето заболени од ебола. Таму ќе биде отворена американска воена база, во која ќе бидат сместени медицински тимови кои ќе ги опслужуваат работници од Македонија, Косово и Босна. Се бараат претежно занаетчии, готвачи и луѓе кои ќе работат на одржување на кампот. Регрутирањето и прегледите се вршат во Тузла, Босна и Херцеговина, а потоа преку Дубаи се лета во африканските држави.

    „ На почетокот имаше слаб интерес и речиси никој не прифаќаше работа, затоа што сите се плашеа од смртоносната болест. Од 70 повикани работници од трите држави, се согласиле само тројца. Но како одминува времето, нивниот број се повеќе се зголемува и се повеќе луѓе се одлучуваат да заминат. Големи се парите што ги нудат, па луѓето се премислија, и ризикуваат. Над 3 илјади долари е основна плата за занаетчиските работи, а другите ќе земаат над 5 илјади долари. Колку луѓе прифатиле, не знам, но знам дека неколку кумановци чекаат виза, и преку Дубаи, ќе летаат за Либерија,- вели нашиот соговорник, кој и самиот е заинтересиран да замине во Африка.

    Од фирмата им тврделе дека работниците и војската нема да имаат допир со заразените пациенти ниту со локалното население, туку тоа ќе го работеле исклучиво здравствени работници. Целата операција ќе се одвивала под  зголемени мерки на заштита и контола, за да не се рашири заразата. На враќање дома, работниците ќе морале да останат еден месец во карантин во болница во Лондон, а дури потоа да дојдат во Македонија. Дали ќе има здравствени мерки и во државата сеуште никој не знае.

    Неофицијално дознаваме дека во СВР Куманово е зголемен бројот на граѓани кои бараат уверение дека се неосудувани, заради остварување на право за престој во странство, пред се, во Африка, што потврдува дека кумановци аплицираат за работа на проектитите кои ги нуди американската компанија.

    „Флуор корп„, глобална компанија за градежништво и инжинеринг со седиште во Ирвинг, Тексас, скулучи договор со Пентагон за изградба на привремени живеалишта за американските војници што помагаат во борбата против ебола во Либерија. Покрај Либерија, мал контигент ќе биде потребен и во Сенегал.

    Во текот на изминатите десетина години над 5 илјади куманови работеа во Ирак и Авганиста. Повеќето од нив по враќањето ги потрошија заработените пари, па сега гледаат нова шанса за голема заработувачка, и покрај тоа што работата е во ризичните африкански региони.