×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За две недели Куманово ќе добие нов Ургентен хируршки центар

    06.06.2019 13:45 | KumanovoNews

    За две недели ќе започне со работа новиот Ургентен хируршки центар во состав на Општата болница Куманово, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, при неговата обиколка.

    За две недели Куманово ќе добие нов Ургентен хируршки центар

    Новиот ургентен центар е со површина од 750 мерти квадратни, а содржи амбуланти за анестезиологија, хирургија и ортпоедија,  со придружни простории и современа медицинска опрема. Проектот чини 53 милиони денари или 900.000 евра, коишто ги обезбеди Министерството за здравство и државата. Започна да се гради 2017 година.

    „  Во наредните две до три недели очекуваме да добиеме употребна дозвола, со што практично ќе влезе во функција овој значаен објект не само за болницата во Куманово и Североисточнот регион, туку генерално за целиот здравствен систем, соглед на тоа што болницата во Куманово е на едно многу високо стручно ниво години наназад, благодарение на експерите што работата тука, со огромен број на пациенти преку 100.000 во текот на годината. Многу е битно што од функционална гледна точка на едно место се обединуваат на амбулантите по анестезиологија, хирургија и ортпоедија, што е светски е европски стандард, што досега не беше така во оваа болница. Пациентите ќе бидат примени на едно место, веднаш ќе се направи комјутеризирана томографија, прегледани од повеќе специјалисти и ќе се види што и како понатаму“, - изјави министерот Филипче.

    Директорката на Општата болница Куманово Снежана Захариева, изјави дека со нетрпение го чекаат отворањето на новиот објект, кој ќе ги подобри условите за лекување на пациентите и за работа на медицинскиот персонал.

    „Вакво нешто одамна му требаше на Куманово, центар каде што ќе се згрижуваат не само хируршките пациенти од нашиот град, туку и целиот регион. На едно место нашите пациенти ќе можат да направат преглед, да се направи комплетна дијагностика, од ехо, компјутерскас томографија, ехо снимки, конзервативен преглед. Значи пациентите нема да талкаат од еден до друг објект, туку на едно место ќе добијат комплетен третман. Ова е капитална инвестиција и јас се надевам дека и во иднина ќе се прошириме онаму каде што има потреба и изградба на нови објект, - изјави Захариева. 

    Министерот најави дека ќе продолжи поддршката на кумановската болница во континуитет, како во однос на медицинската опременост тако и во однос вложување на стручни кадри и специјализации на лекари, а се размислува  Кумановската болница да стане клинички центар.  

    (С.НИКОЛИЌ)