За осмооделенците приоритет гимназиското образование
Првото пријавување од првиот уписен рок покажа дека најголем интерес меѓу осмооделенците има за запишување во гимназиското средно образование.

Интересот за запишување во средните стручни училишта е послаб.
- Точно е дека најголем интерес има за гимназиско образование и сите ученици сигурно не можам да бидат запишани во гимназија во Куманово. Дел од осмооделенците ќе се запишат и во гимназиите во Скопје. Тоа е слободен избор, никој нема право да го врати ученикот. Но има еден друг аспект, ако тој образовен профил го има во општина Куманово, а тој запише иста струка во некоја друга општина тогаш сам ќе си ги плаќа трошоците за превоз или сместување во ученички дом - изјави Миле Стојменовиќ од сектор за образование во општина Куманово.
Стојменовиќ вели дека годинава во нашата општина осмо одделение завршиле 1223 ученици, а колку од нив се запишале во прва година ќе се знае по второто пријавување од првиот уписен рок кое се спроведуваше и вчера.
На вчершната седница на Советот на општина Куманово тој кажа дека секоја година 6 до 8 отсто од осмооделенците се одлеваат со тоа што се запишуваат во средни училишта во други градови.