×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За прв пат се воведува алатка за 3Д приказ на Бислимската тврдина за подобрување на туристичката понуда на локацијата

    24.08.2024 11:12 | Оливера Пешевска

    Алатката е стадард за локалитети во светски рамки со која визуелно може да се претстави и доживее одреден временски период, објект или локалитет.

    За прв пат се воведува алатка за 3Д приказ на Бислимската тврдина за подобрување на туристичката понуда на локацијата

    „Се работи за апликација за мобилни телефони, која е потребно да се инсталира пред да се влезе во клисурата, известувањето за неа го има на инфо таблите. Со нејзино вклучување, кога се наоѓате во Бислимската тврдина, ќе го видите целосно реконструираниот 3Д изглед на откриената ранохристијанска црква и ќе можете да се движите низ неа. Со тоа, на посетителот полесно и поедноставно му се претставува откритието, за разлика од вообичаените  начини за реконструкција преку фотографии и слично. Откако ќе се инсталира, не е потребно да се користи интернет за да работи апликацијата“, објаснува археологот Дејан Ѓорѓиевски, од НУ Музеј Куманово, соработник на проектот.

    Во Бислимската клисура поставени се пет инфо табли, како и видиковец за панорамски поглед кон локалитетите.

    Во рамките на проектот маркирана е патека, со должина од 7 километри која води околу селото, до културно- историските споменици и излетничко место. На најстрмниот дел од патеката поставена е придружна рампа за качување. Во самото село има две куќи, спремни за издавање според европските стандарди за рурален туризам, една е во изградба, а повеќемина жители изразиле подготвеност за кетеринг за туристите и излетниците во клисурата.

    Целокупниот проект е спроведен од Народен универзитет Куманово во партнерство со Фонд за развој на мали и средни претпријатија и ЛАГ АБЕР 2015, во рамките на проектот на УНДП - RELOAD 2, преку Општина Куманово.