За три месеци 573 новороденчиња во североисточниот регион
22.11.2013 08:51
| KumanovoNews
Во североисточен регион во третиот квартал годинава се родиле вкупно 573 бебиња.

Според податоци на Државниот завод за статистика најмногу бебиња се родиле во Куманово 366, потоа во Липково 111, во Крива Паланка 49, во Кратово 23, и во Ранковце и Старо Нагоричане по 12 деца.
Во истиот период во Куманово се склучени 189 брака, во Липково 61, во Крива Паланка 40, во Кратово 8, во Старо Нагоричане 5 и во Ранковце 4 брака.