Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 1 август е забрането да се лови прелетен дивеч заштитен со закон, а забраната започнала во март. Во кумановскиот регион има 12 ловишта под концесија, но и таму лов на овој вид дивеч засега е стопиран.
При секое одење на лов, ловците мора да извадат дозвола. Таа дозвола е дневна. Во спротивно можат да бидат казнети. Законот предвидува парични казни ако без дозвола се движеле со оружје во шума и тоа во висина од 1500 до 3000 евра. Против оние кои ги кршат правилата на ловење ние можеме да преземеме дисциплинска мерка, да ги пријавиме во подрачниот инспекторат или во полиција - вели Сашо Димовски, раководител на Ловечкото друштво “Сокол“.
Во текот на цела година може да се лови волк, лисица, куна, ласица и твор. Од ловното друштво “Сокол“ велат дека во Куманово и кумановско има 800 ловци.