×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заеднички да направиме движење за наша Македонија, кажа Димитриевски на синоќешната трибина

    17.12.2022 11:52 | Сузана Николиќ

    По повод шест месеци од формирањето на здружението и една година од постоењето на граѓански концепт „За наше Куманово“, синоќа се одржа трибина во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово.

    Заеднички да направиме движење за наша Македонија, кажа Димитриевски на синоќешната трибина

    Максим Димитриевски, во своето обраќање, потенцираше дека граѓаните се тие што ја даваат силата и мотивот да работат уште повеќе, посветено, мотивирано и за Куманово и за државата.

    „Различни од вера, од нација, од политичко убедување, но сите кумановци заедно за нашиот град, за наша Македонија. Сакам да ве поздравам сите мои кумановчанки и кумановчани, сите горди и достоинствени луѓе што вечерва сте заедно овде во оваа сала заедно со нас, Ви е поклонувам на сите. Нека ве гледаат, нека Ве бројат и нека калкулираат, а на крајот и нека фотошопираат, бидејќи со притисок, уцена и закана се добива само повратен одговор „Не“ и црвен картон. А тоа го научија од оние што беа пред нив и за жал ништо не научија“, рече Димитриевски.

    Тој додаде дека пред две недели на истото место се одржала трибина, при што било кажано дека инвестирале 200 милиони евра во Куманово.

    „Знаете ли дека со 200 милиони евра еден нов град се гради. Па, кај е тој нов град во Куманово што го изградија? А не само што шајка не заковавте, камен на камен не оставивте во овој град. Колатерална штета сте во историја на овој град, повеќе министри и премиери не помислиле, а буквално ништо не направиле за оваа општина“, додаде Димитриевски. 

    Тој информираше дека Куманово, Прилеп, Крушево и Тетово се првите градови каде се формирани граѓански здруженија поради тоа што ова се местата кадешто живеат многу одважни граѓани, храбри луѓе, со револуционерен дух, коешто не се стекнува туку се раѓа од денот на секој поединец роден на тие места, на овие места всушност е испишана револуцијата на македонската држава и државност.