Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денот на независноста 8 -ми септември ќе биде одбележан со презентација на работата на Полицијата, Противпожарната единица, Црвениот Крст и Брзата помош.
Промоцијата ќе се одржи на 7 септември во кругот на зградата на Противожарната единица под наслов “Заедно за граѓаните“. При тоа ќе биде исценирана сообраќајна несреќа при што ќе се укажува прва помош на повредените и улогата на полицијата.
Целта е да се покаже како функционираат овие служби во различни елементарни непогоди и катастрофи на територијата на општина Куманово.
Оваа заедничка активност беше договорена во Советот на општината Куманово.