Загина девојка откако голф удри во далновод
27.05.2014 09:29
| KumanovoNews
Дваесет и четиригодишна кумановка ноќеска загина во тешка сообраќајна несреќа во липковското село Оризаре.

Сообраќајката се случила 30 минути по полноќ на регионалниот пат Куманово-Липково, кога Ф.М.(21) од Куманово управувајќи автомобил „Голф“ изгубил контрола над него и удрил во далновод.
Во незгодата на лице место починала Гиљсен М.(24) од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил и возачот. Тој е пренесен во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите префрелне е во Клинички центар во Скопје.
(фото архива)