×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Закопуваат миленици кај ќе стигнат

    24.09.2012 09:35 | KumanovoNews

    Во отсуство на специјализирани гробишта за животни, дел од граѓаните своите покојни миленици ги закопуваат во дворовите, а несовесните ги фрлаат во контејнери, покрај патиштата и во коритата на реките.

    Закопуваат миленици кај ќе стигнат

    Кумановци не знаат каде да ги закопаат мртвите домашни миленичиња. Во отсуство на специјализирани гробишта за животни најчесто ги закопуваат во дворовите, а некои ги фрлаат на периферијата на градот. Ветеринарите кажуваат дека во селото Доброшане постои сточна јама, но таа е преполна, а во неа се фрла и медицински отпад.

    Граѓаните ги фрлаат мртвите миленици во контејнер или ги остававаат во дворот на Ветеринарната станица. Тоа не е секојдневна појава, но пред некој ден најдовме две мртви кучиња оставени. И да ги фрлиме во Доброшане, треба да се плати, само бензинот е 90 денари. На Запад ова е поинаку решено, со тоа што има гробишта за животни. Во село се знае луѓето ги закопуваат кучињата на нива или на рид. Да собереме пет кучиња годишно во ред, ама со сто кучиња што ќе правиме ние. Без пари не може да се направи ништо. Исто е и во другите градови. Ги закопуваат кучињата во природа, само внимаваат да не е тоа туѓа парцела или јавна површина, парк - вели Димитар Венев ветеринар од Сточарскиот центар „Тодор Велков„.

    Во држава каде народот е сиромашен и едвај преживува, останува проблемот каде да се закопуваат мртвите миленичиња. За да се направат гробишта треба да се ангажира Општината,  која за таа намена ќе купи парцела и ќе продава гробно место.

    Во нашето поблиско опкружување, кај нашите соседи, вакви гробишта нема. Во западните земји, пак, милениците се кремираат. Гробишта за миленици има во Австрија, Унгарија, Италија, Германија, Франција, Белгија, Велика Британија, каде што има и специјална погребна опрема.